Скопското обвинителство отвори предмет за закана преку социјална мрежа кон новинар

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.

Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбеди и податоците за корисничкиот профил од кој беа упатени заканите.