Градоначалниците и градоначалничките до кај се со отчетите…или ќе си ќутиме?Дајте отчет ќе ве има и на Би Би Си

Во ЗЕМЈА ДЕМБЕЛИЈА не стигнаа да напишат отчет или има друга причина за откажувањето на отчетот закажан за денес ? !

Службата за односи со јавност предмалку испрати соопштение со кое ги информира медиумите се откажува презентирањето на отчетот за сработеното во првата година од мандатот на градоначалникот Јован Стојаноски.

Во маилот испратен од портпаролите стои:

Почитувани,

Ве информираме дека се одложува презентацијата на отчетот на градоначалникот Јован Стојаноски, која беше  закажана за денес, 19.10.2018 година. во 13 часот.

Одделение за односи со јавност

По редакциите во медиумите веќе се поставува прашањето, дали десетината портпароли сепак не успејаа да го напишат ( или препишат ) отчетот ?

Одделението за односи со јавност при Општина Охрид последнава седмица доби глобална планетарна популарност од како беше обзнането дека цела година службата платена со пари од народот препишувала говори од претходниот и ги подметнувала да ги чита сегашниот градоначалник.

За ова вест објави дури и Би Би Си.

.ohrid1.com