МВР:Приведен дилер на дрога од Тетово

На 19.10.2018 година во периодот од 16,30 до 18,30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Б.Е.(47) од Тетово при што биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.

Пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење. Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.