Мукоски: Ја пее химната од собраниска говорница, па гласа за промена на името

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој тврдеше дека не ги отворил вратите на македонското собрание на 27 април кога група насилници ги нападнаа пратениците од СДСМ и албанските политички партии, вчера, по излегувањето од домашен притвор гласаше „за“ промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Мукоски подолг период беше во притвор, по што потоа мерката притвор беше замената со куќен притвор.

Мукоски тогаш во повеќе наврати избегнуваше да одговори, но воедно и негираше дека тој ги отворил вратите од Собранието, иако на снимките јасно се гледа дека токму тој и Сашо Василевски се тие кои овозможуваат на граѓаните да влезат во Собранието.

Мукоски беше оној кој го предводеше и „хорот“ на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите други пратеници кога се пееше македонската химна во македонското Собрание.

Се поставува прашањето дали токму притворот и притисокот за тој 27 април сепак е вистинската причина што Мукоски, но и дел од другите нивни колеги се одлучија да гласаат „за“ промена на уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија