Крсто Мукоски вечерва е исклучен од ВМРО ДПМНЕ Вевчани

Комитетот на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани вечерва донесе одлука да го исклучи од членство пратеникот од оваа општина, Крсто Мукоски.

Во официјалното соопштение на ВМРО ДПМНЕ ОК Вевчани стои:

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани на денешната седница на Општинскиот комитет донесе Одлука за поведување дисциплинска постапка против членот Крсто Мукоски заради спротивно постапување на донесените одлуки на највисоките органи на Партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Заради гласањето за промена на уставните измени, а со цел промена на уставното име на Република Македонија се донесе Одлука за исклучување на Крсто Мукоски од член на ВМРО-ДПМНЕ.

Борбата за Македонија продолжува!