Битолчанец додека бил на лов се здобил со повреди од огнено оружје, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во СВР Битола било пријавено дека околу 08 часот, К.Т. (59) од Битола, додека бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65) , Б.В. (58) и З.В. ( 29), сите од Битола, во атарот на с. Лисолај, се здобил со повреди од огнено оружје, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.