Во битолска обложувалница извршено разбојништво

На 21.10.2018 година околу 22,40 часот било пријавено дека во Битола, на улицата „Прилепска“ во спортската обложувалница две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот при што одзеле околу 150.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.