Во Гостивар физички нападнале полицаец кој вршел контрола

Синот Е.З. (25) и неговиот татко С.З. (50) од Гостивар вчера физички нападнале полицаец при вршење на службена должност.

На булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар полициски службеници го запреле возилото „ауди“ на Е.З. за контрола. Двајцата и синот,возач, и неговиот таткко најпрво почнале вербална расправија со полицајците, а потоа и физички го нападнале едниот полициски службеник.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.