Митко Јанчев исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции.

Според информации на Телма од партиски извори, исто така има разрешување и за Костадин Богданов. Тој не е присутен на седницата на ЦК, во кратка изјава за Телма, вели дека се разрешени сите прозападни кадри кои дадоа поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, преку договорот од Преспа.-јавува telma