Николовски од ВМРО-ДПМНЕ:Ја честитаме новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

На прес конференцијата одржана пред полноќ Александар Николовски ја честиташе новата коалиција како што вели тој помеѓу Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

Aлександар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на прес-конференција изјави дека ја прочистиле партијата.

„Од денес ништо повеќе нема да е исто. Од денес ВМРО-ДПМНЕ расчистува со хипотеките од минатото“, рече тој.

Партијата нема потреба од вонреден конкгрес, а лидерот Христијан Мицкоски ја има поддршката да ја води партијата.

Заради дејствување спротивно од интерсите на партијата и државата и силна соработка со премиерот Зоран Заев, разрешени се Митко Јанчев, Константин Богданов, побарано е да се исклучат Сашо Мијалков и Никола Тодоров, а осумте пратеници кои гласаа, веднаш да поднесат оставка од своите позиции.

За екс премиерот Никола Груевски рече дека нема такви докази дека учествувал во обезбедувањето на двотретинско мнозинство.

ЦК го повика ОЈО по допрен глас да ги истражи наводите за закани, притисоци, уцени.

Николовски тврди дека Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков се заканувале на пратеници.

Вели дека како партија ќе се вратат на идеалите на ВМРО и да го погледнат во очи својот народ.