ПОРАДИ РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЈАНЧЕВ, ПАНЧО МИНОВ ЈА НАПУШТА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ

 

Во емисијата „анализа“ на Телевизија 24, пратеникот од ГРОМ и дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов истакна дека поради разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ тој ќе ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“ и ќе дејствува самостојно како пратеник од ГРОМ.

Тој напомена дека излегувањето од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе трае се додека Христијан Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

И пратеникот Панчо Минов како и градоначалникот Митко Јанчев доаѓаат од Кавадарци.