ТВ21:Претресот кај Миленко Неделковски заврши – одземен неговиот компјутер

Како што јавува репортерот на ТВ 21 од скопското село Ржаничино, претресот од страна на полицијата во домот на Миленковски завршил пред 20. минути, а бил одземен еден компјутер.

При посетата на местото наидовме на затворени врати од куќата, се уште нема информација дали е пуштен или се уште се наоѓа во ПС Велес.-јавува тв21

Од извори од истрагата денеска ТВ21 објави дека новинарот Миленко Неделковски е приведен и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи.

Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на својот „Фејсбук“ статус напиша дека е дојдена полиција да го апси.

извор ТВ 21