(да не кажете дека не сте знаеле)

Крштевајте ги децата веднаш по раѓањето или ако сака мајката да биде присутна со него после очистувањето на мајката(околу 40 дена за да може и таа да влезе во Божјиот Храм заедно со него)….
Зошто?
Затоа што на Светото Крштение секој човек(во случајот бебето) добива од Семоќниот Бог Ангел Чувар кој што ја следи деноноќно душата на тој човек се до смртта па дури и одреден период после смртта т.е. одделувањето на душата од телото.
Петта молитва при крштењето:”И направи светлиот ангел да се придружи на неговиот живот,да го избавува од секаков ѓаволски напад,од средба со злото,од демонот кој напаѓа среде ден,од зли фантазии.”


И уште еднаш да напомнеме:не чекајте да дојде чичко ви од Америка,тетка ви од Англија или баба ви од Австралија па да направите крштевка заедно со нив,за вас најважно е детенцето а нему му треба заштитник(Ангел Чувар),без Заштитник секоја секунда е во ризик,епа сега да не кажете дека не сте знаеле-сега веќе знаете,од мене толку.

Преземено од Старец Клеопа