Мицкоски:Зарем не ви е срам што славевте кога Македонија плачеше?

Со секое ваше кревање рака за предлогот на Заев нашето срце болеше. Ме изневеривте мене, ВМРО-ДПМНЕ и најважно Македонија. Зарем не ви е срам што славевте кога Македонија плачеше? , рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор пред сопартијците во МНТ, каде партијата вечерва го одбележа Денот на револуционерната борба.

Мицкоски, во својот говор, кој речиси целиот беше негов осврт на гласањето за уставните промени, рече дека пратениците од опозицијата кои гласале ЗА му ја земале шансата на Мицкоски да го порази Заев.

„Заев сега избега со предавството на нашите браќа и сестри, но нема каде да бега. Ќе го поразиме. Ме потценивте. Ќе ве победиме сите на купче“, рече Мицкоски, кој побара да се донесе закон за амнестија со кој ќе се амнестираат сите учесници од 27 април, па како што рече, „да се амнестираат сите, неселективно, а не само оние кои соработуваат со власта“, рече Мицкоски и додаде дека „оваа нова генерација ќе расчисти од остатоците на транзицијата и дека целта и е евроатлантска Македонија“.

На прославата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше почесниот претседател Никола Груевски, а одбележувањето на Денот на револуционерната борба членовите на ВМРО-ДПМНЕ го завршија со патриотски песни.