На изглед побожни, а од силата на Бога и од верата во Него се одрекле

За заводниците во последните времиња…

1. Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки.
2. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни,недружељубиви,
3.непомирливи,клеветници,невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4. предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци,
5. на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се! (2. Тим. 3,1-5).

Денес во светот господарат гордоста и самољубието како никогаш порано, а токму тоа, според учењето на светите отци- подвижници, е коренот на сите останати страсти, на сето она што Светиот Апостол го набројал.

Во тоа е главната причина за сите наши внатрешни забуни и поделби, за сите расправии, кавги и меѓусебни непријателства, наместо очекуваната, би рекле братска сложност, еднодушност, христијанска љубов и взаемна помош. Зацарија гордоста и самољубието, сите сакаат да владеат, а никој не сака смирено да слуша и да се потчинува.

Ете таква е сликата на современиот живот и тоа наведува на мислата за “последните денови”.

„Сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себе“ (2. Тим. 3, 12-13).