Николоски: Погрешно сум разбран – Јанчев е разрешен од потпретседател, не е исклучен од партијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва изјави дека Централниот комитет го разрешила потпретседателот на партијата Митко Јанчев поради несогласување со политиките на партијата, ставовите на партијата и нивно неследење.

За жал, рече тој, можеби поради тоа што лошо се изразил или лошо била пренесена, изјавата добила друг контекст, односно се поврзува со обвинувања за поткуп. Во изјава за медиумите пред почетокот на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на 23 Октомври, тој не прецизираше дали е тоа јавно извинување кон Јанчев, кој денеска тоа го побара од него. Рече тоа не се негови лични ставови, туку заклучоци на Централниот комитет што тој имал задача да ги пренесе.

Јанчев денеска побара јавно извинување од Мицкоски и Николовски за вчерашната прес-конференција на Николовски на која кон него, како што посочи, биле упатени „ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков“.