Спектакл во најава – Хабиб против Мејведер! За кого би навивале?

„Денеска разговарав со Умар Кремљев за борбата со Флојд Мејведер. Двајцата имаме иста желба – таа да се одржи на „Лужники“, сигурни сме дека ќе има над 100.000 навивачи и ќе поставиме светски рекорд за ТВ-пренос. За мене најважно од се е што татко ми би бил во мојот агол, бидејќи за Москва не ми треба виза. А сега прашање за моите навивачи: Дали верувате во мене? Или исто така мислите дека Флојд ќе ме победи во бокс?“ – напиша Хабиб Нурмагомедов на своите профили на социјалните мрежи.