Пронајден мртов маж во јавен тоалет

Починат маж вчера вечерта бил пронајден во тоалет во Припор.

Од полицијата информираат дека во 22,35 часот возач во ЈСП пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ кај последна автобуска постојка број 24 имало починато лице кое лежело во тоалетот.

-Од страна на полициски службеници утврдено е дека се работи за Н.К.(52), а смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.