Сабота, “Нинџуцу Клуб Битола” на професионален турнир во Атина – Грција! Среќно дечки, Битола е со вас!!!

Ninjutsu klub”Bitola” се чувствува  мотивирано.

Оваа сабота нашата академија за прв пат ќе настапи на професионален турнир за Бразилска Џиуџицу во Грција Атина под Uaejjf International Pro Jiu jitsu Championship. Секоја освоена медаља на овај турнир носи поени за следни повисоки рангови на такмичење во кои се вклучени и парични фондови.Самата котизација 85 долари по борец говори за квалитетот на турнирот , конкуренцијата која не очекува и силните битки во кои треба да се влезе.За нас ова е чекор плус во тоа да создадеме квалитетна Џиуџицу школа која ќе расте и ќе се развива и ќе ја претставува нашата Македонија.Настапуваме клубски претставувајќи ја нашата Македонија , нашата школа и нашиот тим за боречките спортови P4P и една вратена медаља од ова такмичење за нас ќе значи многу.
Одиме да се избориме со срце и да го дадеме нашиот максиум па нека победе подобриот.
Ossss

Превземено од фан страницата на НКБ