Автоматска пушка недостасува во арсеналот на ,,Алфите‘‘ – МВР го истражува случајот

Автоматска пушка кој била дел од арсеналот на оружје на полициската единица за борба со уличниот криминал “Алфи”, исчезнала од магацинот на полицијата. По откривањето на овој скандал, а со цел брзо пронаоѓње на оружјето, на рапорт во Министерстѕвото за внатрешни работи биле повикани сите припадници на оваа едница.

Од МВР за Сител ја потврдија ваквата информација. Оттаму велат дека одделот за внатрешна контрола работи на расчистување на случајот.

– На 27.10.2018 година од страна на одделот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди извршена е контрола во Единица за прв одговор “Алфи” при што е констатирано дека недостасува една автоматска пушка. Одделот за внатрешна контрола превзема мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Полициската единица „Алфи“ е посебна единица која се води под МВР. “Алфите” интервенираат во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.