Борба на живот и смрт за трикратниот македонски олимпиец Зоран Шоров во Германија

Вистинска животна драма преживеал трикратниот македонски олимпиец, штипјанецот Зоран Шоров во Германија, пренесува денеска порталот Курир, базирајќи се на информациите од фејсбук страницата Штипски асови.

Пред три недели лекарите во Германија во последен момент му го спасиле животот на Шоров. Веселбата на неговиот шура и внук во Германија за малку ќе била трагедија за семејството Шорови. Откако му било констатирано животна опасност поради апцес на грлото, Шоров итно е подложен на интензивен лекарски третман. За среќа, третманот по хируршкиот зафат врз него, завршил добро по здравјето на Шоров.

„Сега ја напуштив болницата и ми треба одмор. Никогаш во животот не сум имал проблеми со грлото, но ете за моја несреќа ми се случи тоа во Германија. Наместо да присуствувам на радост, јас имав голема непријатност“, изјавил Шоров за „Штипски асови“ .