Познати групите за У-19 евроквалификациите во футсал

Синоќа беа објавени групите за У-19 евроквалификациите во футсал. Македонската репрезентација е во многу силна група со Украина, Романија и Белгија.

На УЕФА ранкинг листата најдобро стои Украина, која е петта. Романија е тринаесетта, Белгија дваесетта, а Македонија е најниско рангирана во групата на 22-рата позиција од вкупно 55 репрезентации.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат напролет од 26-ти до 31-ви март.