Хабиб Нурмагомедов продолжува да инсистира на борба со легендата Флојд Мејведер

 

Хабиб Нурмагомедов продолжува да инсистира на борба со легендата Флојд Мејведер. Пред неколку недели и двајцата покажаа желба да се сретнат во рингот, но оттогаш Флојд не зборува за борба со шампионот на УФЦ.

Вчера, претседателот на организацијата, Дана Вајт, изјави дека разговарал со тимот на Флојд за борба со Хабиб, но според него тоа нема да се случи.

Но, Хабиб го игнорира Вајт и повторно го прозва Флојд:

Флојд Мејведер, каде си?

.