Времето денеска: Сончево со температура до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 19 до 27 степени.

 

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од недела температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Според ACCUWEATHER една од најголемите апликации во свет за временска прогноза во Скопје првиот снег би требало да го очекуваме на 17.11.2018 година. Секако овој снег ќе биде пропратен со повисоки температури нереални за овој дел пд годината, но битно е дека имаме најава дека ќе заврне.

Овие далечни прогнози се подложни и на промени но сметаме дека е добро да ја пренесеме информацијата, пред се бидејќи после 15ти почнува и задолжителното носење на зимска опрема во автомобилите.