(фотогалерија)Манастир Рождество на Пресвета Богородица, Калишта Струга

Почитувани читатели, погледнете ја фотогалеријата на Богородичниот Манастир кај Калишта Струга

Калишки манастир — македонски православен ставропигиален манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква. Се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.

Во манастирскиот компекс има 4 цркви, од кои две се посветени на Рождеството Богородично, од која едната е пештерска и е постара, а другата е понова и претставува главната манастирска црква и две други, од кои едната е посветена на Св. Петар и Павле, а дтугата исто така пештерна, посветена е на Св. Атанасиј.

Црквата  „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква. Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век. Секоја недела и за време на празници редовно се служи Божествена Литургија. Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид. Црквата е фрескописана во византиски стил. Денес тука се чува и иконата на Пресвета Богородица, пред која по молитвите на монасите и на сите верни се случуваат исцелителни чуда. Жените кои се неротки со вера во исцелителната моќ на иконата доаѓаат да се ноклонат пред неа, најмногу за празникот на манастирот – Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) на 21 септември. Според легендата за време на втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на Брегот од езерото, сведочејќи за тивкото присуство на Божјата Благодат, која по Божја промисла се излева на ова место.

фотографии: Александар Цветковски