Заврши потрагата, 17 годишно девојче се удавило во Вардар бегајќи од кучиња

Вечерва околу 22 часот од водите на реката Вардар кај Балиндол, Гостиварско, било извлечено телото на малолетно девојче за кое претходно било пријавено дека паднало во реката.

Од полицијата информираат дека телото го пронашле жители на селото, а го извлекле полициски екипи.

Се очекува на местото да почне увид на јавен обвинител. Девојчето кое било на возраст од 17 години било нападнато од улични кучиња и паднало во реката.