НОВА ДОНАЦИЈА ЗА БИТОЛА: Општина Кабул донира најсовремена запрежна кола

Не застануваат донациите за Општина Битола. Откако град Скопје донираше три автобуси со музејска вредност, збратимената Општина Епинал на битолчани им подари улиште за пчели сега стига донација од Општина Кабул во форма на најсовремена запрежна кола за собирање на сметот.

„По повод ослободувањето на градот од непознатиот фашистички окупатор Општина Кабул реши да донира најсовремена запрежна кола опремена со коњ и 10 килограми храна за коњ која би требало да помогне да се намали загадениот воздух во овој братски град“ стои во соопштението на прес службата на општина Кабул.


Општина Битола веќе распиша конкурс за споменик кој ќе ја обележи оваа донација

Запрежната кола има запремнина од еден коњ, е во кабрио варијанта, а има и додатна количка за собирање на сметот како и место за двајца патници. Оваа донација е веќе тргната на пат кон Битола и се очекува да пристигне околу јули 2019.

Како што изјави градоначалничката Наташа Петровска освен оваа најмодерна запрежна кола како донација од општина Кабул добиле и курс за вработените на комуналното претпријатие за тоа како да го користат и сервисираат коњот од најнова генерација.

izvor /fn.mk/