ВМРО- ДПМНЕ: МАЈКАТА НА КОСТАДИНОВ ЌЕ ЗЕМА 25.000 ДЕНАРИ СО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Одродената и криминална власт на СДСМ и Зоран Заев за само година ипол покажа како функционира киднапирана држава.

Кога СДСМ е на власт, насекаде владее непотизам, криминал и корупција.

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица.

Според она што го објавуваат медиумите за огласот на кој е вработена неговата мајка Фенија Костадинова, платата е 25.000 денари, а како услови за аплицирање се наведува завршено средно образование без потреба од претходно работно искуство.

Со ова логично е да се постави прашањето: Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услови? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината?

Претходно Талат Џафери си најде работа за неговата ќерка, а министерот Никола Димитров на својата и обезбеди солидна државна стипендија. Цветанка Ласкова за својата снаа си обезбеди стотици илјади евра, а вдомена е и ќеркичката на Таки Фити. Стотици вакви примери за неполни све години.

Власта наместо професионализација, на дело спроведува партизација на институциите.

 

Граѓаните се во неверување од дрскиот непотизам манифестиран од страна на власта на СДСМ.

Граѓаните гледаат дека власта и Заев под своја контрола ја ставаат целата држава.

Граѓаните гледаат како Заев и СДСМ целосно ги уништуваат институциите, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО- ДПМНЕ.

СДСМ во текот на изборниот период ветуваше отвореност на институциите за сите граѓани и професионализам во нивното водење, за сега да гледаме дека раководител во државна институции во владата на СДСМ се станува само доколку си близок роднина со некој од врхушката на власт.

Непотизмот е главна одлика на владата на СДСМ и затоа овој бандитизам и лицимерие мора да заврши и ќе заврши.

Македонија мора да оди напред, а тоа е возможно само доколку СДСМ замине од власт.