Исчезнатата Вики ја нема 4 дена, таткото бара помош: Барем гласот да ѝ го чуевме

Веќе четири дена нема ни трага ни глас од 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, Демирхисарско, која е исчезната во петокот, а нејзините родители бараат помош како од полицијата така и од сите кои ја познаваат, се со цел да се пронајде девојчето.

Последен пат таа е видена во петокот околу 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола, каде што учи и од тој моменти се губи секаква трага. Родителите ги замолуваат сите кои имаат некакви информации да ги контактираат на 078 425 497 или 075 410 664.

-Барем гласот да и го чуевме, но и тоа не можеме, бидејќи Вики дента намерно или не својот телефон го оставила дома. Беше одлична ученичка, секогаш на време си доѓаше по часовите дома, никогаш се немаше случено да задоцни, а колку што знам немаше ни дечко, изјавил таткото на Викторија за Вечерпрес и уште еднаш замолил за помош во потрагата.