OБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ СО НОВИ ПОНУДИ: Погдете кој град ќе е најзагаден вечерва -Фчерашни новости

Обложувалниците низ Македонија одлучија да фатат чекор со времето па во својата понуда освен стандардните фудбал, кошарка, ракомет и умтничко лизгање сега ја вброија и загаденоста како можност на која нивните клиенти ќе можат да типуваат.

„Долго време размислувавме за проширување на понудата со што би биле поатрактивни за нашите клиенти и решивме да го воведеме загадувањето како можност за типување“ вели еден сопственик на илегална обложувалница во Кратово.

„Доста беше кладење на бадмингтон“ велат кладилничарите

Ова е пријатно изненадување и за клиентите кои велат дека веќе им се јасни фиксовите Скопје, Битола и Тетово, но некои се надеваат и на изненадување како што се Виница, Дебар, Кичево и слично. Хит е и играта 1 во 2 така на пример во 20 часот најзагадена да е Битола, но до 12 Скопје да ја претекне со што се зголемува коефициентот.

Набрзо после ова се појави и таканаречена загадувачка обложувачка мафија која уплаќа тикети и потоа намерно со стари гуми и пластика го загадува воздухот како би прибавиле незаконска материјална добивка. МВР веќе работи на овој случај.

FN