Бетонскиот мост на железничката пруга меѓу станицата Градско и крстосницата Кукуречани, е поправен

Бетонскиот мост на железничката пруга меѓу станицата Градско и крстосницата Кукуречани, е поправен, и вечерва се очекува нормализација на железничкиот сообраќај Велес – Гевгелија, соопштија денеска од МЖ инфраструктура.

Мостот кај Градско претрпе сериозни оштетувања, со што беше во прекин железничкиот сообраќај на оваа делница. Поради тоа неколку компании истакнаа дека трпат огромни финансиски штети, по што мораа да бараат други алтернативи за увоз и извоз на свои производи.