Протест за поддршка на осудениот Груевски

Група демонстранти вечерва излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, како што велат за поддршка на поранешниот премиер Никола Груевски. Демонстрантите испратија порака „Стоп за политичките прогони”. Групата од пред Кривичниот суд се упати кај претседателот Ѓорге Иванов да го достават барањето за, како што велат, прекин на прогонот.