Синоќа во прилепски маркет, непознато лице извршило разбојништво

Синоќа во маркет на улицата Блажо Ивановски во Прилеп непознато лице извршил разбојништво, соопшти полицијата.

Сторителот со закана кон вработената одзел засега неутврдена сума пари.

МВР извести дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.