Груевски засега нема да се јави во затвор

Иако во упатниот акт е определен денешниот ден за поранешниот премиер Никола Груевски да се јави во затворот во Шутка, извесно е дека  тоа нема да се случи бидејќи се уште трае рокот за поднесување жалби, откако Кривичниот суд во петокот ја одби молбата на Груевски за одлагање на казната. Жалбите на четворицата адвокати на Груевски пристигнале вчера во судот, но според најавите на одбраната во текот на денешниот ден и Груевски ќе поднесе жалба, по што Кривичнниот совет составен од тројца судии во рок од три дена ќе треба да одлучи дали ќе ја прифати неговата жалба или пак ќе ја потврди одлуката на судијата за извршување на санкции. Втората варијанта ќе значи дека Груевски ќе треба да оди во затвор за издржување на двегодишната затворска казна за случајот Тенк.

За утре е закажана и седница во собранието на која како 20та точка од дневниот ред е предлогот за одземање на мандатот на Груевски но за ова да биде изгласано потребно е  е 2/3 мнозинство. До бројката од 80 пратеници е малку веројатно да се дојде, со оглед на тоа што и независните пратеници на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија дека ќе гласаат против, ова барање.