Екс-премиерот Груевски од понеделник во „Шутка“?

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции, велат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките. Ова значи дека штом Груевски ќе го прими решението, веднаш треба да замине во истражниот затвор „Скопје“.

Матичната партија на Груевски го оцени овој процес како политички монтиран поради непочитувањето на доказите од страна на судот кои јасно укажуваа на фактот дека Груевски нема никаква вина.