НОВ ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА: Вдоми административец

Во обид да се намали претрупаноста во јавната администрација и со тоа да се намали ставката за плати во буџетот владата излезе со нова мерка „Вдоми административец“ во која секое семејство во кое нема ниеден вработен во администрација ќе може да вдоми максимум три административци.

„Покрај физичките лица оваа мерка важи и за правните лица па така и фиримте ќе можат да вдомат административци. Се надеваме дека оваа акција ќе вроди со плод и дека конечно ќе се растерети пренатрупаната администрација“ велат од министерството за информатички технологии и јавна администрација.

 

Марија веќе е вдомена од едно семејство од Мичурин

Семејствата кои ќе вдомат административец претходно ќе мораат да исполнат одредени критериуми како што се да имаат соодветно биро за административецот, бурекџилница во радиус од 100 метра до својот дом како и да не му поставуваат непотребни прашања на вдомениот. За да се исполнат овие правила ќе се грижи министерството за труд и социјална политика.

НОВ ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА: Вдоми административец