СОБРАНИЕТО НЕ МУ ГО ОДЗЕДЕ МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ

Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против. Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Одлуката на пратениците за мандатот на Груевски не го одложува извршувањето на казната.