Полиција го бара Груевски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Полицијата откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Полицијата постапувајќи по потерницата, која попладнево ја објави по наредба на Кривичниот суд, откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов полициски службеници ги проверуваат колите кои излегуваат од подземниот паркинг на Палатата „Христо Татарчев“, во јавноста попозната како Белата палата.