Граѓаните на Битола во последните 2 месеца не знаат колкаво е аерозагадувањето во централното градско подрачје

Граѓаните на Битола во последните 2 месеца не знаат колкаво е аерозагадувањето во централното градско подрачје, затоа што од 20 септември годинава не работи мерната станица Битола2. На последната седница советниците во општинскиот Совет, ја задолжија градоначалничката да побара од Министерството за животна средина да ја стави во функција оваа мерна станица,а од Општината велат дека постапката е во тек.

Додека пак другата мерна станица, лоцирана во индустрискиот дел на градот, на 12 километри од РЕК Битола, покажува зголемено аерозагадување, посебно во вечерните часови, а досега се регистрирани 62 денови со концентрации на ПМ10 честичките над граничните вредности, наспроти дозволените 35 дена во текот на годината. Од ЕЛЕМ уверуваат дека интензивно работата на еколошки проекти, а се очекува РЕК Битола наскоро да ја добие и интегрираната еколошка дозвола.

Министерството за животна средина по објавувањето на неколку мерни станици дека не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен или пак појаснување зошто не работат.