Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали

Се плашам дека ќе почнеме премногу да се бавиме со Орбан и дали или не ќе му даде азил на Груевски, но наш главен интерес треба да биде самото бегство, зошто институциите не одговориле соодветно и кој треба да преземе одговорност. Oва во вечерашната „Топ Тема“ го потенцираше професорката Мирјана Најчевска.

  • Ова е многу непријатно искуство со кое на здрав памет нѐ прават будали. Морале од МВР да претпостават дека личност од таков калибар со многу пари моќ и врски може да побегне од државата – вели Најчевска.