Од денес притвор во Шутка се Јанакиески и Божиновски

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од утрово се притворени во Шутка.

Судот им определни 30 дневен притвор на барање на СЈО, кое тврди дека според нивните информации двајцата обвинети во предметот Титаник планирале да ја напуштат државата на ист начин како екс премиерот Груевски. Обвинителката Стефанова вели дека исти мерки ќе бараат и за сите останати обвинети за кои ќе проценат дека постои опасност да ја напуштат државата.

Според адвокатот на Јанакиевски трвдењата на СЈО се неосновани и без никакви аргументи. Притворот е престрога мерка за обвинети лица кои ги почитуваат мерките на претпазливост и редовно присуствуваат на закажаните рочишта