Осветување на црквата „Св. прв – мч и арх. Стефан“ во с. Истибања – виничко

На 11. 11. 2018 година, 24 – та Недела по Педесетница, преп. мч – чка Анастасија Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, ја освети новоизградената црква посветена на „Свети првомаченик и архиѓакон Стефан“ во с. Истибања – виничко, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.