„Груевски е виновен за неговото бегство“Конечно некој е виновен!

МВР ГО ЛОЦИРА ВИНОВНИКОТ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: Конечно некој е виновен!

 

Министерството за внатрешни работи конечно излезе со свој став за бегството на екс премиерот Никола Груевски и посочи со прст кој е виновен за тоа што тој и избега на правдата. На прес конференција тие објаснија кој е виновникот.- објави Фчерашни новости

 

„Според нашите истражувања за бегството на Никола Груевски виновен е тој самиот и никој друг. Да не решеше тој да избега немаше да избега, а вака само тој треба да ги сноси последиците за своето бегство. Ние како министерство сме шокирано од неговиот чин и го повикуваме да се врати“ рече министерот Спасовски.

„Груевски е виновен за неговото бегство“ изјави Оливер Спасовски

Тие покрај што очекуваат Никола Груевски да се врати во земјата очекуваат и извинување од него затоа што има направил стрес и јавно да покаже каење како би им покажал на помладите генерации и на другите политичари дека тоа што го направил е погрешно и никој да не го повтори.

изворfn.mk