Демонстрантите спречени од полицијата да стигнат пред домот на Канческа

Македонија блокира, нејзините поддржувачи вечерва се упатија пред домот на Канческа – Милевска но, не успејаа да стигнат до нејзината куќа бидејќи ги врати полицијата која е на почетокот на улицата.

Демонстрантите пејат патриотски песни, Едно име имаме и Проклети да се предавниците а воедно извикуваат и Македонија, Македонија. Насобраните ја повикуваат Милеска да и предадат писмо, до овој момент Елизабета не стапи во контакт со демонстрантите

 

С.А