Десет илјади долари е цената на овие чевли , кои се досега најгрди

Канадските модни дизајнери Стив Реј Баскарн и Роуз Далтон се креатори на веројатно најбизарните и најгрди чевли кои сте ги виделе, а кои би се изработувале од човечка кожа.

Тие овие обувки прво ги дизајнирале во Фотошоп. Откако го увиделе нивниот потенцијал, решиле да изработат еден пар од силикони.

Во светот веќе се појави паричници и каиши од човечка кожа, кои биле наменети за прибирливи клиенти. Дури и сето ова да е провокација за јавното мислење, се чини дека е претерано.

Еден пар од овие чевли чини десет илјади долари и се произведуваат по нарачка.