Битолчанец прегазил пешаци

35 годишен жител на село Новаци управувајќи  патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола.

Инцидентот се случил синоќа 10 минути пред 21,00 часот  во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“

Според МВР во  незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М.  На повредените им  била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани  на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.