Сѐ уште очи ни бодат во некои училишта немањето технички и хигиенски услови за одржување на настава

Сѐ уште очи ни бодат старите училишта каде што ни учат родените деца. Разрушените ѕидови несоодветното осветлување,минималното затоплување. Се сеќавам пред години кофи беа поставени за капките дожд кои прокиснуваа од таванот во училницата да не завршат на главчето на некој од учениците. Години поминаа од тогаш , се скоро се промени ама не и состојбите во кои се наоѓаат училишните згради и училниците

Состојбата на училиштата мора и треба да ни биде на сите приоритет а пред се на надлежните.

(фото илустрација)

За училиштето велат дека е втор дом за учениците – топол и убав, но многу училишта во Македонија изградени пред неколку децении повеќе прилегаат на хорор зграда, наместо топол дом.

На 30 април 2018 година Дескоска во емисија ја спомна катастрофалната состојба на училиштата . Еве во времето на своето министерување што изјави таа

За условоте т.е. лошата состојба на голем дел од училиштата во Македонија Дескоска во Топ Тема на Ваша страна рече дека во некои училишта состојбата е многу лоша.

„Некаде училиштата се распаѓаат. Побарав да ми се даде список на училишта кои се најзагрозени. Дел од парите за нивно обновување ќе се наоѓаат од владата, некои со пренамена на средства, а дел ќе се побараат и од општините да помогнат“, изјави Дескоска.

И денеска се уште очи ни бодат во некои училишта немањето  технички и хигиенски услови за одржување на настава.  Руинирани и небезбедни објекти, а инвентарот и ѕидови  во распад.

Иако редовно во училиштата за време на летниот распуст се  извршуваат  одредени градежни зафати на дел од училниците  сепак се уште далеку е од она што навистина треба да биде едно училиште, втор дом – топол дом!