Протест пред Собрание:Да не се менува Уставот! Да не се менува името! Оставка на Владата!

Протестот почна со македонската химна пуштена на озвучувањето, а во изведба на Игор Дурловски. По химната, присутните со ракоплескање ги поздравија основачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”, обвинети во случајот „27 април”.

Да не се менува Уставот! Да не се менува името! Оставка на Владата! Ова се барањата на неколку илјади граѓани кои вечерва протестираат пред Собранието

Пред Собранието присутни се активистите на „Христијанско братство“, на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е групата Бојкотирам, Светскиот македонски конгрес, Глас за Македонија, ТретаПолитика и Ленка.

Присутните пред Собранието извикувааат „оставка, оставка“, а со ласер на зградата на Собранието испишуваа „оставка“ и „предавство“.