ИЗВЕШТАЈ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ: Сите патишта и коловози се проодни, на местата на кои не заврна снег

Добри вести ни доаѓаат од Македонија пат. По се изгледа снегот ништо е ѝ може на моќната механизација на ова претпријатие.

„Со гордост изјавуваме дека сите патишта и коловози на местата на кои не заврна снег се проодни со помали проблеми во асфалтот. Проодни се и оние патишта и коловози каде што заврна снег доколку сте на скии или возите санка“ велат од таму.

„Снегот е само друга форма на вода“ објаснуваат од Македонија пат

Ова е само уште еден успех од низата на Македонија пат. Имено тие во периодот од мај до октомври годинава успеаа да се справат со сите наноси на снег во земјата со што го одржуваа сообраќајот во беспрекорна состојба.

фчерашне новости