Кривични пријави во Битола за „бесправно градење“ но и за „злоупотреба на службената положба и овластување“

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.П.(51) од Битола и ДПУТ „Интегра-09“ ДОО Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, и против З.С.(64) и В.Ш.(51), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 08.12.2017 година градежен инспектор од општина Битола констатирал дека во периодот од 01.11.2016 до 18.02.2017 година во Битола, првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, а во својство на инвеститор и четвртопријавената, како надзор, спротивно на одобрението за градење на стамбен и деловен објект, изградиле поткровен простор. После тоа градежниот инспектор донел решение за отстранување на бесправната градба.

На 31.05.2018 година, третопријавениот, како советник-градежен инспектор, спротивно на наведената констатација и решението за отстранување на наведената бесправна градба, донел записник за извршен инспекциски надзор на наведениот објект, според кој му овозможил на пријавениот да продолжи со градба и да се стекне со имотна корист од поткровен простор со површина од 600 метри квадратни.